Македонските одбојкари денеска загубија од домаќинот Белгија по голема борба со 3:2 по сетови (25:22, 22:25, 25:17, 24:26, 17:15).
Во арената во Беверен противникот двапати водеше а ние израмнувавме и се изборивме за петтиот сет. Во него иако имавме предност, не успеавме да го избегнеме третиот пораз во лигата. Најдобар играч беше Никола Ѓоргиев со 28 поени додека Савовски застана на 10. Регерс во победничкиот тим беше незапирлив со 31 поен.
Македонија во наредниот викенд ја очекува турнирот во Хрватска. Таму покрај со домаќинот ќе играме и со селекцијата на Шпанија.