Италијанскиот фудбалски тренер Клаудио Раниери и официјално е нов предводник на италијанскиот гигант, Рома.
Раниери ја прифати понудата и се враќа од пензија за да му помогне на тимот кој е во незавидна ситуација и во моментов е на дванаесеттата позиција во Серија А.
Славниот фудбалски стрчњак минатата сезона реши да престане со тренерската работа откако му завршија обврските во Каљари, но не можеше да одолее на повикот од неговата „стара љубов“ – Рома, каде веднаш беше пречекан со воодушевување од бројките навивачи. За Раниери ова ќе биде трета етапа на клупата на „волчицата“.
Рома се раздели со Иван Јуриќ, а со Раниери на клупата управата се надева дека екипата ќе може конечно да заигра подобро и да се вратат во трката за местата кои водат во еврокуповите.