Фудбалерот од средниот ред на Барселона – Дани Олмо, веројатно нема да настапи на претстојниот натпревар против Баерн (Минхен) во рамките на 3. коло во Лигата на шампионите.
Тој се повреди на мечот со Џирона и мораше да го пропушти викенд дуелот со Севилја кој Каталонците го добија со 5:1. Во моментов се чини дека неговото враќање на терените ќе биде пролонгирано за извесен период.
Мечот меѓу Барселона и Баерн (Минхен) ќе биде одигран утре на Олимпискиот стадион во Барселона.