Францускиот фудбалски шампион ПСЖ сака да ја засили голманската позиција.Тимот од Париз ќе се обиде да дојде до потписот на Андре Онана, кој во континуитет покажува блескави партии во дресот на Ајакс.
Француските медиуми пишуваат дека агентот задолжен за трансфери на 23-годишниот голман реализирал две одвоени средби со преставниците на францускиот елитен состав. Првата била во текот на летото а втората пред само десетина дена. Онана има договор со холандскиот тим до 2022 година.
Камерунецот кој претходно беше дел од младите категории на Барселона, се определи во 2015 година да ја напушти Шпанија и да потпише за „копјаниците“.