За последниот натпреварувачки ден од главната фаза по групи на Европското во ракомет билетите од втора категорија се распродадени што значи дека останаа само од прва и тоа по цена од 181,50 евра.
Цените на влезниците за полуфиналните мечеви започнуваат од 247,50 евра а за финалните од 347,50 евра. Полуфиналните натпревари ќе се одиграат в петок на 26-ти во 17:45 и 20:30 часот во Келн.
Средбите за медали ќе се одиграат в недела на 28 јануари. Во 15 часот ќе започне мечот за бронза додека во 17:45 часот ќе биде големото финале.