Селекторот на фудбалерите на Мексико, Карлос Осирио, не останат имун на сите збиднувања на теренот на вчерашниот меч со Бразил кој заврши со победа на „кариоките“ од 2-0.
Тој посебно е изнервиран од однесувањето на Нејмар кој во повеќе наврати се обиде театрално да одглуми прекршоци и на тој начин само ги иритираше противничките фудбалери.
„Тоа е голем срам за луѓето што гледаат, сите деца ги гледаат фудбалските мечеви. Не треба да има глума на теренот. Потрошивме многу време од мечот поради еден фудбалер“ истакна селекторот на Мексико откако неговата репрезентација го заврши настапот на Мундијалот.