Малиот приватен авион со кој патуваше фудбалерот Емилијано Сала од Нант кон Кардиф е пронајден на дното на Ламанш, пренесуваат светските медиуми. Веста ја потврди и Дејвид Мернс која ја предводеше приватната потрага по исчезнатиот авион.
„Остатоците од авионот во кој леташе Сала со кој пилотираше Дејвид Иботсон се лоцирани“, напишал Мернс.
Инаку авионот на Сала исчезна над Ламанш на 21 јануари за време на летот од Франција кон Велс. Откако спасувачката операција по исчезнатиот авион беше завршена, семејството собра средства и покрена приватна потрага.