На последниот атлетски митинг од „Дијамантската лига“ пред овогодинешното Светско првенство во атлетика, кој вчера се одржа во Лондон, беа поставени два европски рекорди и три најдобри резултати во светот годинава.
Двата европски рекорди ги поставија холандски атлетичари. Првиот е дело на Фемке Бол на 400 метри со пречки, а вториот на Сифан Хасан на 5.000 метри.
Бол убедливо победи на 400 метри со пречки со време од 51,45 секунди, што е дури 85 стотинки побрзо од претходниот најдобар резултат сезонава во светот, кој исто така беше во нејзина сопственост.
Исто така, со овој резултат Бол го подобри за 58 стотинки сопствениот европски рекорд, кој го постави на Олимписките игри во Токио пред две години.
На 5000 метри, Хасан го освои третото место на трката со време од 4:13.42, но тоа беше речиси девет секунди подобро од времето што го истрча пред четири години, исто така во Лондон, што беше досегашен европски рекорд.