Напаѓачот на Борусија (Дортмунд) Пако Алкасер израмни интересно достигнување во Бундеслигата, откако се запиша во листата на стрелците на крајот на натпреварот при победата од 2:0 над Фрајбург во вчерашниот натпревар.
25-годишниот Шпанец влезе како резерва и постигна гол. Оваа сезона има девет погодоци откако се појави во игра како замена.
Така Алкасер го израмни рекордот на сезоната во Бундеслигата според овој показател. Девет гола како резерви постигнале уште Јонел Ганја како играч на Штутгарт и Нилс Петерсен од Фрајбург.