Капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Горан Пандев, пред утрешниот меч со Грузија потенцира дека сите се максимално мотивирани за успех иако ќе недостасуваат неколку стандардни репрезентативци.
„Тие што сме тука ќе го дадеме максимумот, имаме неколку нови кои сигурно ќе ни помогнат. Никогаш досега не сме играле толку мечеви, во ваков ритам секој трет ден а плус Косово многу физички и психички нè истроши. Сепак и покрај сè, спремни сме да победиме“ – вели Пандев.
„Сакаме да победиме во Естонија, но, така е во фудбалот, не можеш да победуваш постојано. Се надевам дека на крајот ќе останеме на првото место“ – потенцираше Пандев пред новинарите.