Откако успешно ги заврши лекарските прегледи во Катар, Аргентинецот Леандро Паредес денеска го потпиша договорот со екипата на ПСЖ. Аргентинецот се сели во Франција од екипата на Зенит, каде настапуваше изминатиов период.
„Многу сум горд што ќе бидам дел од ПСЖ. После моите претходни искуства во Италија и Русија, сега имам фантастична можност, не само да откријам нова лига, туку над се да го носам еден од најпрестижните дресови во светот”, рече 24-годишниот Паредес.