Играчот од средниот ред на Барселона и Шпанија, Педри е прогласен за најдобар млад играч на годината според „Франс Фудбал“.
19-годишникот ја доби наградата на церемонија во Париз.
Номинирани за наградата беа и Мејсон Гринвуд (Манчестер Јунајтед, 20), Џамал Мусиала (Баерн, 18), Џуд Белингем (Борусија Дортмунд, 18) и Нуну Мендеш (ПСЖ, 19).