Претседателот на Белененсес, Руи Педро Суареш емотивно го прокоментира скандалозниот натпревар од португалскиот шампионат, на кој неговиот тим доживеа службен пораз.
За потсетување, поради епидемијата на коронавирус, голем дел од фудбалерите на Белененсес не можеа да учествуваат на овој натпревар. Тимот побара од Португалската фудбалска федерација да го одложи натпреварот, но тие беа одбиени. Како резултат на тоа, во стартниот состав на домаќините имаше само девет играчи.
Во првото полувреме Бенфика постигна седум гола. Во вториот дел Белененсес излезе со седум играчи. Веднаш по свирежот за продолжување на средбата, домашниот играч поради повреда седна на тревникот, а судијата предвреме го прекина овој натпревар.
„Денешниот натпревар е вистински срам. Тој стана срам апсолутно за сите, освен за деветте играчи на Белененсес кои излегоа на теренот. Нема аргументи кои можат да ја оправдаат ваквата одлука на лигата. Уште кон средината на вчерашниот ден и кажавме на Лигата дека не можеме да го играме натпреварот, но ни рекоа дека имаме осум играчи, па мораме да излеземе на теренот. Во спротивно, покрај техничкиот пораз, ќе добиевме и затворени трибини за следните натпревари. Никогаш во животот не сум бил сведок на такво достоинствено однесување како што покажаа играчите на Белененсес. Сум видел многу пристојни работи во 48 години, но се чини дека ова е врвот. На сите им покажаа што значи да се има чест. Како и да е, одлуката да се одржи натпреварот во такви услови е срам за цела Португалија“, изјави Педро Суареш.