Пехарот наменет за победникот на Светското првенство во Русија е веќе во земјата домаќин. Трофејот пристигна, а со тоа и поединечни награди за најдобриот голман и напаѓач, како и за најдобриот играч на СП.
Оригиналниот трофеј помина преку 172.000 километри низ 91 град во 51 земја на шест континенти. Повеќе од 800.000 фанови имаа можност да го видат пехарот, а повеќе од 570.000 од нив можеа да се фотографираат со трофејот.
Светското првенство започнува на 14 јуни, а на него треба да учествуваат 736 играчи од 32 земји. На кого ќе му припадне пехарот и овие ппоединечни награди ќе дознаеме на 15 јули кога ќе го добиеме новиот Светски првак.