Кошаркарите на Пелистер вечерва го совладаа Работнички со 88:80 и со 3-1 во победи си обезбедија место во финалето во домашниот шампионат.
Мечот со салата – „Боро Чурелвски“ во Битола течеше главно изедначено до последната четвртина во која домаќинот беше поумешен и успеа да дојде до решавачката победа во пресметките со скопјани.
Кај Пелистер најпрезицни беа Планиќ со 23 кошеви и Маслинко со 20 додека кај гостите по 18 кошеви реализираа Декоси и Рикиќ. Пелистер во финалето на плеј-офот го очекуваат дуели со бранителот на пехарот, МЗТ Скопје.