Фудбалерот на француски Лил, Николас Пепе, денеска попладне треба да пристигне во Лондон за да ги мине лекарските прегледи во екипата на Арсенал. 24-годишниот фудбалер на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска го договори трансферот во редовите на „топчиите“ само останува да ги мине формалностите за истиот да биде комплетиран.
Претходно беше објавено дека Арсенал ќе му плати на Лил за Пепе 80 милиони евра. Арсенал го победи Наполи во трката за Пепе, кој имаше за 20 милиони евра помала понуда од оваа на Арсенал.