Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, подготви нова понуда што ќе ја испрати во Манчестер Јунајтед за Пол Погба.
Според медиумите во Шпанија, првиот човек на Реал ќе се обиде да го земе Французинот во јануари. За таа цел, Перез ќе им понуди на „црвените ѓаволи“ 85 милиони евра плус двајца играчи. Играчите кои треба да бидат вклучени во овој пакет се Хамес Родригез и Маријано Дијаз. Истиот извор тврди дека менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер ги сака двајцата играчи кои Перез е подготвен да му ги понуди.
Прашање е дали клупското раководство на Англичаните ќе се согласи на ваква опција или ќе ја побара целата сума, што ја бара за Погба, а таа изнесува околу 188 милиони евра.