Фудбалската репрезентација на Перу е сензационален патник во финалето на Копа Америка. Синоќа во Порто Алегре Перуанците приредија изненадување совладувајќи го тимот на Чиле со 3:0 и обезбедувајќи место во големото финале, каде за противник ќе ја имаат селекцијата на Бразил.
Првиот гол беше постигнат во 21. минута, откако Флорес успеа да го погоди голот на Чилеанците. На вториот погодок не се чекаше долго. Во 38. минута играчот за врска Јотун веќе зголеми и на 2:0 и најави дека Перу со една нога е во финалниот меч.
Конечниот резултат беше поставен во 91. минута, кога Гереро и по третпат ја погоди противничката мрежа. Иако Чиле имаше шанса барем да го ублажи поразот, Едуардо Варгас промаши пенал во дополнителното време за игра.
Финалето на Копа Америка ќе се одигра на 7 јули на популарната „Маракана“.