Поранешната ѕвезда на Лацио и Милан Алесандро Неста ја напушти тренерската функција во второлигашот Перуџа.
Тој беше отпуштен откако тимот не успеа да влезе во Серија „А“. Перуџа загуби со 1:4 во Верона, а два дена подоцна раководството одлучи да го раскине договорот тренерот кој беше светскиот шампион на Светското првенство 2006 година.
„Неверојатна авантура завршува денес. Тоа ми помогна да продолжам со развојот со тоа што го сакам. Му благодарам на клубот, на играчите и навивачите кои не престанаа да нѐ поддржуваат. Имавме прекрасни моменти заедно, и јас секогаш ќе го чувствувам тимот на Перуџа како мој дом”, напиша на Инстаграм , Алесандро Неста.
Тој го презеде водството во Перуџа во мај минатата година и го предводеше тимот до плејофот за пласман во Серија „А“, а се пласираа благодарение на фактот што Палермо беше исфрлен во третата лига. Според медиумите во Италија, наследникот на Неста е уште еден светски шампион со Италија – Масимо Одо.