Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ потврди дека ќе остане на кормилото на Србија само до ЛОИ во Париз 2024.
Пешиќ со 74 години освои речиси се што може да освои еден европски кошаркарски тренер. Тој има две злата од Евробаскетот, злато и сребро на Светското првенство, а ја освои и Евролигата. Следната година првпат во својата долгогодишна кариера ќе биде тренер на Олимписките игри.
Зборувајќи за ситуацијата, Пешиќ изјави дека повеќе нема да биде селектор на српската репрезентација по Олимписките игри во Париз во 2024 година.