Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике, пред утрешното големо дерби со Реал Мадрид, вели дека напаѓачот на „кралевите“, Карим Бензема, се препородил по заминувањето на Роналдо.
„Тој остави дупка а Бензема одлично ја пополни. Игра навистина фантастично и заслужено се врати во репрезентацијата“ – истакна Пике и се насочи кон утрешниот меч.
„Победа ќе ни донесе голема самодоверба. Фокусирани сме на нашата игра, мораме да бидеме поефикасни“ – изјави фудбалерот на Барселона.