Фудбалерите на Барселона вчера одиграа нерешено 1:1 кај Валенсија на стадионот „Месталја“ со што ја продолжија лошата серија во шпанската Ла Лига.
Каталонскиот клуб и во четвртиот натпревар во серија не успеа да постигне пол погодок. Дефанзивецот на тимот, Жерард Пике, повторно е мета на фановите бидејќи направи грешка и му дозволи на противникот да постигне гол. Тој веднаш по средбата видно изнервиран, ја искористи шансата да одговори на критиките.
„Знам дека многу луѓе се надеваат дека нема да ми оди добро. Кога и да примиме погодок секогаш е моја вина“ – порача Пике.