Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, зборуваше за шансите на тимот да ја освои Лигата на Европа, а ги сподели и своите размислувања за идниот противник во 1/8-финалето на турнирот.
„Сакаме да се обидеме, тоа е очигледно. Доживувавме позитивен момент во првенството, но во неделата застанавме. Но, ние сакаме да продолжиме со добри настапи да се обидеме да ги стигнеме оние пред нас, особено Јувентус. Ќе се соочиме со силен тим во осминафиналето и нема да биде лесно без разлика кој ќе ни биде противник. Тие, исто така, нема да бидат среќни да се сретнат со тим како Милан“, рече Пиоли за италијанските медиуми.
Да потсетиме, во предходната фаза на Лига Европа, Милан го победи францускиот Рен со вкупен резултат 5:3.
Ждрепката за 1/8 Лига Европа ќе се одржи денеска во 12 часот во седиштето на УЕФА во Нион.