Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло зборуваше за тоа каков фудбал сака да игра неговата екипа. На својата дебитанска прес-конференција одржана вчера (25 август), 41-годишниот поранешен фудбалер воодушевено зборуваше за составот на Јувентус во кој играше од 2011 до 2014 година под водство на Антонио Конте , кој сега го предводи Интер.
„Сакам мојот Јувентус да биде сличен на екипите на Антонио Конте за кои играв. Се надевам дека можеме да постигнеме исто ниво на игра и кохезија како во тие денови. Но, главната работа што би сакал да ја вратам е принципите во работата, самопожртвуваноста и играчите да се грижат едни за други и само на овој начин можеме да ги постигнеме нашите цели. Сакам да внесам некој ентузијазам во играта, што недостасуваше во последниот период, за тимот да покаже активен фудбал и да покаже доминација во играта, за што веќе им кажав на играчите. Им реков две работи – прво, секогаш треба да ја имате топката, и второ, дека мора брзо да се превземе се под контрола. Овие се двете главни тактички правила во кои верувам. Ова се најважните работи за мојот тим“, изјави Пирло.