Медиумите во Италија тврдат дека францускиот состав ПСЖ ќе се обиде по секоја цена да го купи фудбалерот на Јувентус, Миралем Пјаниќ, откако пропадна најавената трампа со Маркињо.
Според наводите, екипата од „Паркот на принцовите“ и понудила на „старата дама“ 100 милиони евра за потписот на репрезентативецот на БИХ. Во исто време Маркињо по вчерашното последно коло во Лига 1, изјави дека нема намера да си замине од шампионот на Франција.
„Не одам никаде, ќе бидам фудбалер на ПСЖ и во наредната сезона“ – потенцираше Маркињо.