Фудбалерот на Јувентус, Миралем Пјаниќ, изјави дека неговата екипа ќе се бори за сите титули во новата сезона. Интернационалецот од БИХ, потенцира, дека со ангажманот на Кристијано Роналдо, Јуве, ќе може да направи чекор понапред и да триумфира во Лигата на шампионите откако во последните четири години беа загубени две финалиња.
„Ние секогаш играме и се обидуваме да ги освоиме сите пехари. Во последните четири години игравме две финалиња во Лигата на Шампионите. Кристијано Роналдо сега треба да биде нашиот клучен играч. Со него сме посилни, Јувентус е голем клуб и веруваме дека можеме да победиме во Лигата на шампионите“ – потенцираше Пјаниќ.
„Јас сум среќен во Јувентус. Сакам да продолжам да се развивам како фудбалер и да му помагам на клубот да победува. Лигата на Шампионите е една од нашите цели” – вели играчот на екипата од Торино.