Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Маурисио Почетино, изјави дека ќе ја продолжи соработката со тимот иако за неговите услуги се заинтересирани луѓето од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Аргентинецот рече дека би сакал да остане во клубот 20 години, како што тоа го направи Арсен Венгер во екипата на Арсенал.
„Имам огромна почит кон Арсен Венгер бидејќи остана цели 22 години во клуб каков што е Арсенал. Треба да бидеш многу добар – не само како тренер туку и како човек за да го постигнеш тоа“ – вели Почетино.
„Јас сум среќен тука бидејќи парите не се приоритет. Во иднина, Тотенхем ќе освои трофеи. Не знам дали тоа ќе се случи со или без мене. Сакам Тотенхем да стане еден од најатрактивните клубови не само во Англија туку во целиот свет” – изјави Почетино.