Најдобрите кошаркарски репрезентации во светот, од денеска по 19-ти пат ќе играат на Мундобаскетот во битката за планетарниот трон. За првпат Мундијалот ќе се одржи во неколку земји, а домаќини се Јапонија, Филипините и Индонезија.м Интересно е што првпат во завршницата нема да има претставник на една од земјите домаќини, затоа што Индонезија не се пласираше, а за вторпат на првенството ќе учествуваат 32 селекции.
Репрезентациите се поделени во осум групи со по четири селекции. Двете најдобри селекции од секоја група ќе се пласираат во втората фаза, во која ќе се формираат четири нови групи со по четири репрезентации.
Од тие групи двете најдобри ќе одат во четвртфиналето, кога почнува нокаут фазата.
Титулата од 2019 година ја брани Шпанија, која во финалето беше подобра од Аргентина, која, пак, за чудо, не се пласираше на овогодинешното првенство. Третата беше Франција. Прв фаворит и овој пат се Американците, но во кругот на топ-фаворити се сметаат и Германија, Шпанија, Франција, Канада…