Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар ќе биде освојувач на престижната награда „Златен велосипед“ која се доделува секоја година за најдобриот во велосипедскиот спорт во светот.
Според информациите, Погачар едногласно е избран за добитник на оваа престижна награда, откако триумфираше на двете најголеми велосипедски трки во Италија и Франција, освои светска титула, а има и над двојно повеќе поени од неговиот најблизок ривал Ремко Евенепул на светската ранг листа.