Светскиот шампион со Франција од Мундијалот во 2018-та и воедно прва ѕвезда на Манчестер Јунајтед , Пол Погба, се осврна на елиминацијата на ПСЖ во 1 /8 финалето во Лигата на фудбалските Шампиони.
Тој нагласи дека тензиите во реванш мечот во Париз биле поголеми во споредба со финалето на Светското првенство во Русија. Како што е познато, „црвените ѓаволи“ прво загубија дома со 2-0 а потоа направија сензација на „Паркот на принцовите“ и славеа со 3 спрема 1.
„Тоа е многу чудно. Мислам дека чувствував поголем притисок на мечот со ПСЖ отколку во финалето на Мундијалот. Бев многу изненаден и воедно среќен бидејќи продолживме понатаму“ – изјави Погба во интервјуто за Евроспорт.