Францускиот фудбалски интернационалец во редовите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, влезе во неверојатен ритам откако од кормилото си замина португалскиот тренер, Жозе Мурињо.
Тој во последните три натпревари во Премиер конкуренцијата успеа да постигна дури четири погодоци и да направи три асистенции. Токму поради тој ефект, беше избран за најдобар фудбалер на Манчестер Јунајтед за месец декември.
Погба кој беше инволвиран во повеќе инциденти со претходниот тренер, сега по доаѓањето на „Олд Трафорд“ на Оле Гунар Солскјер игра како препороден и се наметнува како лидер на екипата.