Францускиот интернационалец од Манчестер Јунајтед Пол Погба сака значително зголемување на неговата плата во случај на трансфер во Реал Мадрид.
Светскиот шампион со Франција од Светското првенство 2018 инсистира да добие 24 милиони евра по сезона наместо сегашните 17 милиони евра кои ги добива во Манчестер Јунајтед, информираат шпансите медиуми.
Во Реал Мадрид, сепак не се подготвени да платат толку многу, па затоа гледаат уште три други потенцијални кандидати. Се работи за Кристијан Ериксен, Миралем Пјаниќ и Дони ван де Бек. Данецот Ериксен, исто така, имаше високи финансиски барања, но заедно со Погба се фаворити на тренерот Зинедин Зидан.