Роберт Левендовски кој ја засили Барселона во текот на летово одигра три пријателски меча на турнејата во САД, но, не успеа да се запише во листата на стрелците. Таа ситуација ја искоментира тренерот на Каталонците, Чави.
„Турнејата генерално беше позитивна. Се гледа дека Левандовски е разочаран но, тоа е нормално. Тој ќе започне да постигнува голови” – вели Чави Ернандез.
Ќе потсетиме дека Левандовски во текот на летниов трансфер период се определи да го напушти Баерн Минхен само за да го облече дресот на шпанскиот гигант.