Одбојкарите на Полска ја совладаа Италија со максимални 3:0 ( 25:20, 25:21 и 25:23) и го освоија златниот медал на Европското првенство.
Во финалето во Бари, актуелниот освојувач на Лигата на Нации одигра фантастично и тотално го разби домашниот состав.
Селекцијата на Словенија го освои бронзениот медал откако беше подобра од Франција со 3:2.