Македонската женска ракометна репрезентација го доби противникот во бараж натпреварот за пласман на Светското првенство 2025 година. „Црвено-жолтите“ ќе ги одмерат силите против селекцијата на Полска.
Првиот натпревар ќе се одигра на 9/10 април 2025 година, а потоа и реваншот неколку дена подоцна на 12/13 април. Полска ќе биде на домаќин на првата средба, додека вториот меч ќе се игра во Скопје.
Репрезентациите на Норвешка, Данска и Унгарија ќе се пласираат директно на СП 2025, а истото важи и за Франција, Германија и Холандија.