Голманот на Швајцарија, Никола Портнер, пред денешниот меч со Германија на стадионот во Дизелдорф, вели дека е фасциниран од целиот објект кој сега има ракометен амбиент.
„Импресивно е кога е празно но, знам дека ќе биде сосема поразлично доживувањето кога ќе играме пред гледачи. Ги видовме сликите пред да дојдеме и изгледаше огромно. Сега гледаме дека е многу поголемо отколку што очекувавме“ – вели Портнер.
„Сепак, се чувствува како арена, не дува ветер, топло е, условите се совршени. Навистина се чувствувам како привилегиран да бидам тука“ – вели голманот на Швајцарија.