Екипата на Тотенхем најави дека ќе биде активна во летниот трансфер период бидејќи не ги прекршува правилата на финансискиот фер-плеј.
Тренерот, Анже Постекоглу, има намера да купи најмалку тројца фудбалери на различни позиции. Според најавите, прва трансферна цел е напаѓачот на Брентфорд, Иван Тони.
„Спарси“ претходно покажаа дека се заинтересирани и за играчот на Челзи, Конор Галагер. Тотенхем во наредната сезона ќе биде дел од Лигата на Европа.