Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Анже Постекоглу, ја презеде одговорноста за поразот од Челзи со 2:0 кој практично го одалечи неговиот тим од трката за место што носи во Лигата на шампионите за наредната сезона.
„На крајот јас сум тој што ги ставам таму на теренот и ги подготвувам за тоа. Бевме толку далеку што морам да се погледнам и да видам како го подготвувам тимот за големи мечеви. Денеска бевме далеку од посакуваното“ – изјави Постекоглу по мечот на „Стемфорд Бриџ“.
Тотенхем сега заостанува седум бодови зад Астон Вила но, има и меч помалку.