Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, потпиша нов договор со „кралевите“, потврдија од клубот. Новиот договор на легендарниот специјалист ќе биде до 30 јуни 2026 година.
Анчелоти силно се поврзуваше со селекторската позиција во Бразил, бидејќи неговиот стар договор важеше до крајот на оваа сезона. На крајот, тој одбра да остане во Мадрид.
Анчелоти е единствениот тренер кој има освоено 4 европски титули и тренер со најмногу победи во историјата на ЛШ (118), а воедно е и првиот тренер кој ги освоил петте големи европски лиги (Италија, Англија, Франција, Германија и Шпанија).