Гонзало Игуаин синоќа не успеа да го заврши гостувањето кај Удинезе во последниот меч од редовното коло во Серија А лигата поради повреда на грбот. Како што соопштија од клубот, станува збор за болка која аргентинскиот стрелец ја почуватвувал по еден судир и затоа предвреме мораше да биде повлечен од игра.
Медицинскиот тим на Милан веќе работи на целонска анализа на повредата, а првите анализи покажале деке нема никакво посериозно оштетување. Поради внимателност, најверојатно Игуаин нема да замине на средбата со Бетис во Лигата на Европа во четврток.