Изминатата вечер беше резервирана за ждрепката со која беа одредени групте за 47-то издание на „Копа Америка“.
Заеднички организатори ќе бидат Аргентина и Колумбија, а натпреварите ќе се одиграат во периодот од 12 јуни до 12 јули. Беа извлечени две групи, Јужна и Северна зона, а најдобрите четири репрезентации на крајот ќе обезбедат место во четвртфиналната фаза.
ГРУПА А (Јужна зона): Аргентина, Чиле, Австралија, Боливија, Уругвај и Парагвај
ГРУПА Б (Северна зона): Бразил, Катар, Перу, Колумбија, Венецуела и Еквадор
Титулата на ова издание на „Копа Америка“ ќе ја брани Бразил, кој оваа година на домашен терен успеа да го победи Перу во големото финале и стигна до својот деветти трофеј во ова натпреварувањето.