Денеска УЕФА ги извлече двојките за бараж полуфиналињата кои следниот март ќе се одиграат за пополнување на последните места на Европското првенство.
Извлекувањето беше полудиригирано, па само се потврдија бараж дуелите во полуфиналето. Среќата посака во најсилната А конкуренција на Велс да налетаат Финците. Во Лигата Б пак, Босанците ќе се судрат со Украина, а Израел оди на мегдан со Исланд, додека во Ц конкуренцијата Грузија ќе се судри со Луксембург, а Грците против Казахстан.
Полуфинални бараж натпревари во Лигата на нациите:
Лига А
Полуфинални баражи:
Полска – Естонија
Велс – Финска
Лига Б
Полуфинални баражи:
Израел – Исланд
Босна и Херцеговина – Украина
Лига Ц
Полуфинални баражи:
Грузија – Луксембург
Грција – Казахстан
Победниците на трите лиги ќе бидат последните патници на Европското првенство кое ќе се одржи во Германија.