Дефанзивецот Давид Алаба во моментов не е во преговори со Баерн Минхен за да го обнови својот договор. Постојат неколку причини. Неговиот агент Пини Захави не може да стигне до Минхен затоа што германските граници се затворени, а од друга страна тој и неговиот клиент чекаат подобри понуди.
Желбата на Баерн е да го задржи Алаба кој е клучен играч во составот. Тренерот на тимот Ханзи Флик има голема почит кон 27-годишниот фудбалер и ја цени неговата разноврсност. Алаба има тенденција да остане на „Алијанц Арена“, но сака да му биде загарантирано место во средниот ред.
Сепак, можноста да се облече дресот на Реал Мадрид или Барселона го стави во размислување Австриецот. Оваа сезона, Алаба има одиграно 20 натпревари и постигнато 1 гол во Бундеслигата. Неговиот договор со Баварците е до летото 2021 година.