Летниот преоден рок во Премиер лигата најверојано ќе претрпи нови измени. Ова се очекува да се случи денес на средбата меѓу 20-те клубови од елитната дивизија на Англија.
Рокот за трансфери пред почетокот на сезоната се очекува да биде продолжен до крајот на август, пренесуваат медиумите на Островот. Во последните две сезони, трансфер-периодот во Англија се затвараше еден ден пред почетокот на сезоната. Ова беше направено по барање на сите клубови од Премиер лигата, но се чини дека резултатите не беа позитивни.
Сега тие повторно бараат враќање на стариот формат, со кој трансфер периодот се затвара на крајот на август. Може да биде донесена одлука преодниот рок во Англија да се затвори еден ден пред почетокот на сезоната, но за домашните трансфери, додека за меѓународните треба да биде до крајот на август. Сепак, оваа опција е малку веројатно да се прифати.