Претседателот на турскиот клуб Анкарагучу Фарук Коџа, кој го удри судијата Халил Умут Мелер по натпреварот со Ризеспор во турската Суперлига (1:1), може да добие доживотна забрана за активности во фудбалот, а ќе добие и парична казна од околу 40 илјади евра, пренесуваат медиумите во Турција.
Според истите, Турскиот професионален фудбалски дисциплински одбор (ПФДК) го суспендирал Коча на вкупно повеќе од три години, што автоматски се заменува со доживотна забрана, во согласност со прописите на Турската фудбалска федерација.
Исто така, се известува дека фудбалскиот клуб Анкарагучу се соочува со казна од три натпревари да игра на друг стадион. Тимот ќе одигра и три домашни натпревари без публика.
Да потсетиме, претходно Турската фудбалска федерација соопшти дека инцидентот со претепувањето на судијата се случил поради неодговорни зборови кои редовно ги изговараат клупските челници, нивните тренери, менаџери и телевизиски коментатори.