„ New Balance“ денеска поднесе жалба до Апелациониот суд и тоа само по неколку дена откако го загуби спорот со Најк за спонзорство на фудбалскиот состав Ливерпул, објави вечерва – „Дејли меил“.
Њу Балнс тврди дека нивниот договор може автоматски да се обнови на крајот на сезоната доколку компанијата направи конкурентна понуда додека Најк уште сега му понуди поволни услови на англискиот клуб со тенденција да го преземе спонзорството.
Пред неколку денови судот донесе одлука дека „ New Balance“ не може да влијае на понудата на американскиот концерн во однос на маркетингот и затоа му даде зелено светло на Ливерпул да преговара со евентуално новиот спонзор.