Натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите продолжуваат и тоа со вториот круг на натпревари, односно денес започнува 4-то коло, по кое ќе бидат јасни многу работи за тоа кој ќе оди понатаму, а кој ќе се прости од шансите за играње во ЛШ во следната година.
Со најголем интерес се очекува дуелот меѓу Наполи и ПСЖ, кој може да одговори на прашањето кој од двата тима ќе продолжи во осминафиналето. Натпреварот меѓу нив во Париз заврши 2:2 и евентуално нов лош резултат значително ќе ја искомплицира ситуацијата за францускиот гигант. Во другиот натпревар од групата „Ц“, Ливерпул гостува кај Црвена Ѕвезда и ќе се обиде со победа да остане на врвот.
Во групата „Б“, Интер ја пречекува Барселона со амбиција да победи и да се реваншира за поразот од 2:0 на „Камп ноу“. Каталонците се еден од трите тима со максимален учинок до моментов и нов успех ќе значи обезбедување место во следната фаза. За Интер, победата е поважна. „Нероазурите” имаат можност да се зацврстат на втората позиција пред Тотенхем и ПСВ, кои играат меѓусебен дуел во Лондон. И едната и другата екипа се свесни дека само победата може да ги остави во битката за второто место.
Во групата „А“ Атлетико Мадрид мора да се и се реваншира на Борусија (Дортмунд) за поразот 4:0 во Германија. Двата тима се фаворити за првите две места, а евентуалниот успех на Атлетко ќе ги изедначи според бодовите со тимот на Дортмунд. На другиот натпревар, Монако е домаќин на Бриж. Французите не успеаја во лигата, но не смее да се потценува нивното учество во ЛШ. Тиери Анри се надева дека ќе ја забележи првата победа на чело на Монако, а Бриж се чини дека е ривал по мерка за тоа.
Во групата „Д“ лидерот Порто го пречекува тимот на Локомотив (Москва), кој нема освоено бод. Натпреварот помеѓу Шалке 04 и Галатасарај ќе биде клучен за конечниот пласман. Германскиот тим во моментов има бод повеќе од турскиот тим.
Натпреварите од Лигата на шампионите вечерва се играат во два термини од 18.55 часот и од 21.00 часот, а ќе ги следите во живо низ нашата програма.