Весникот – „Corriere dello Sport“, објави, дека дефанзивецот на Рома, Крис Смолинг, нема да се врати на терените до крајот на февруари.
Тој се повреди во почетокот на септември и се уште е во процес на заздравување иако се очекуваше по неколку недели да продолжи со тренинзите. Последниот негов меч беше во Серија А на 1 септември против Милан.
Централниот дефанзивец на „волчицата“ не сака да оди на операција и ќе се обиде само со рехабилитација да ја санира повредата.