Еден од најдобрите хрватски фудбалери низ историјата, Роберт Просинечки, по завршувањето на тековната сезона повторно ќе почне со селекторска работа.
Информациите од Турција велат дека тој ќе го напушти кормилото на Кајзериспор по завршувањето на сезоната, а во договор со Фудбалската федерација на Азербејџан, ќе се врати на селекторското столче. Преговорите ќе стартуваат по завршувањето на сезоната.
Популарниот Роби три години беше на чело на Азербејџан, предводејќи ја оваа селекција во квалификациите за Европското првенство во 2016 година и Мундијалот 2018.