Фудбалерот на Манчестер Сити , Серхио Агуеро, не ја исклучува можноста да премине во некој друг европски клуб. Најдобриот голгетер во историјата на клубот вели дека сака да ја заврши кариерата во родната Аргентина, но, доколку добие атрактивна понуда може да остане во европскиот фудбал.
„Знам дека мојот договр истекува и дека ќе добијам понуди од други екипи. Сепак, сега не размислувам многу околу иднината, сакам прво да ја освојам Лигата на шампионите со Сити“ – вели Агуеро.
32-годишниот напаѓач остава простор дека еден ден може да се врати во Примера Дивизион. Тој од 2006 до 2011 година беше дел од Атлетико Мадрид.